Monday, June 15, 2009

Сакам во театар

Сакам во театар!!! Зашто?!?!?! Претпоставувам дека сите ќе мислите дека ќе почнам да мрчам за тоа како луѓето заборавиле на културата ,кино , компјутери , роботи, чуда... Како ние луѓето стварно ги забораваме вистинските вредности на животов (Што се согласувам) ...
Ама нема да зборам за тоа (барем не сега)!
Сега сакам да зборам за тоа зашто посетеноста на театарот е намалена!!!

Епа вака... Театарот е нели место каде што луѓето би требало да одат за забава , да видат некоја интересна претстава. Нај посетени се нели оние претстави кои се или премногу смешни или оние кои се премногу тажни !
Е сеа ...
Зашто да одам во театар кога можам да му се смеам на маалскиот пијаница коа се враќа дома мртов пијан со точакот и паѓа по скали , можам да му се смеам на поштарот коа поминува низ мојата уличка и по пат ќе му се пушти моето куче а ја ќе се преправам дека не ја знам џукелата и ми е страв да и се доближам , можам да и се смеам на рандом бабичка што враќајки се од пазар ќе и се скине кесата со лимуни, или можам да им се смеам на 2те фуфици од маало кога со штикли трчаат по автобус и на крај сепак ќе им избега...
Како да се малку работите на кои се смееме???
Довално ни е интересно да се забавуваме по цел ден додека ја озборуваме женичката што не ни знаеме како се вика ама знаеме дека има 42 години и дека живее сама и дека мајка и има рак на дојка, а татко и е пијаница , а да и нема деца и нон стоп ја враќаат со црн мерцедес у 5 сабајле (тоа го знаеме и покрај тоа што по некоја случајност никогаш не сме поминале покрај нејзината куќа у 5 сабајле ) и да она сеа почнала да се продава пред Македонска зошто нема од што да живее , а сепак знаеме дека има брат во Германија - шверцер пун со пари...
Интересно ни е... Колку сме очајни...

Сега сепак ќе се вратам на театарот...
Дали ви текнува кога бевте мали коа го гледавте Lion King 1 (ова го давам за пример зошто сигурна сум дека на сите се има случено) на онаа сцена кога Муфаса умира и Симба оди до него и вика " Help!!! Somebody!!! Anybody!!! help..."
100% сите сте пуштиле некоја солза на тој дел , ако не сте се убиле од плачење, и тогаш тука се нормално мајка ти или татко ти или било кој да ти речат не се секирај ова не се вистински личности и ова е само цртан....
Е сеа доаѓам до поентата што сакам да ја кажам од прееска ...
Значи свесни сме дека кога одиме во театар или сл дека се тоа што го гледаме не е вистинско , дека тие луѓе кои се на сцената не се навистина такви , дека Драган Спасов во "Демонот од Дебармаало" не ги убива вистински тие луѓе или сл. Знаеме дека тоа се само ликови... Всушност тие глумци носат маски...

Е сега она што најмногу ме трогнува е дека на една театарска претстава која трае еве просечно 2 саати ние ги запознаваме тие ликови многу по добро од оние вистински личности во вистинскиот живот...
Колку е оваа реалност вистинска т.е. колку се вистински работите во реалноста???
И дали театарот (претставата) е она што се случува на сцената или е све околу нас???

Да тргнаме од најмала работа...
Искачаш на кафе зо другар/ка ти доаѓа келнерката и ти се смешка цело време , нарачуваш кафе и она пак ти се смее само што во себе те пцуе зошто сеа место да земе од фрижидер пијачка она треба да оди до шанк да го нарача , да чека да се направи , да го донесе кафето...
Седите со другарот на кафе подолго време пошто се немате видено одамна , келнерката уште ви се смешка а ве пцуе пак во себе зошто овој пат ради тоа што вие и задржувате маса подолго време (а по некоја случајност нема друга слободна маса ) не седнале неколку батки со полни новчаници кои сигурно ќе и остават бакшиш... И нели после некое време доаѓа моментот кога треба конечно да си одите , е сеа келнерката е најнасмеана од 2 причини, 1 - зошто очекува бакшиш , 2 - зошто нели она е фината , културна и нај насмеана келнерка која заслужува бакшиш... и се случува што се случува...
Меѓутоа сепак она е вистинска личност...

Уште еден пример ми е школо... Установа каде што малдите би требале да научат нешто од професорите... Нема да речам не за тоа дека еве учениците сериозно ги малтретираат професорите , меѓутоа неможам да го сватам моментот кога професор мрази ученик... Знаете она кое родителите го сметаат како вадење кога си добил пониска оцена... Сериозно луѓе верувам дека сите сте сведоци на таква ситуација каде што сериозно професор малтретира ученик. Значи она што не ми е сватливо е како може возрасна , зрела ЛИЧНОСТ да си поигрува со дете! Какви ЛИЧНОСТИ се тоа???? Каква е таа личност што мрази дете? Меѓутоа кога ќе дојдат родителите тој сепак е нај фин и навистина сака да му стави што е можно повисока оцена на нивното дете... А тоа што го малтретира , тој само сака да го натера да учи...
Каква Личност...

Сеа ќе продолжам и со младите...
Живеам и сум дел од младина која не "постои". Млади кои се буквално роботи! Спремни да се борат за нешто што никогаш со свој мозок не размислиле колку е тоа вредно и колку е воопшто така како што им е кажано! Убедени се и ќе одат до крај!!!

Има се повеќе млади кои незнаат за зборот другарство - ама сериозно!!!
Има групи на луѓе кои најчесто нели се делат според тоа кој колку пари има и каква кола вози и во кој дискотеки има ВИП сепариња и чуда... колку се они очајни????
Епа има и поочајни - тоа се најчесто група на цуци кои искачаат заедно се додека не најдат дечко (тоа е другарство за нив) кој им куќа на водно и викендица у (нека ви текне сами место) и вози некој јак мерцедес и влага у B2 преку ред и има сепаре нормално...
Е овие цуци, најчесто не се толку богати (зошто нели да беа немаше да им треба се ова шо го имаат фраериве ) па или купуваат облека од познати марки ама само на распродажба или што поише им одговара и не е скапо - не се облакаат баш многу... Ќе се качат на штикла , ќе стават 18к пудра и уште што не, ќе стаат некое крпче само за да не бидат скроз голи или ќе облечат фустанче што коа ќе го видиш на излог ти изгледа како за кукла да е зошто е минијатурно, и тогаш сите фраери се нивни!
Да и они се уствари вистински личности... (за жал)

Вистински се и оние што ради некоја чудна причина биле покрај тебе некогаш а после тоа те зафркнале неверојатно...

Вистински се и оние што секој се радуваат за секој твој неуспех...

Вистински се и оние што прават све за да го уништат она што си го постигнал , меѓутоа не ги знаеш зошто се разбира они се фини и мили пред тебе...

Вистински се ... без маски...

А кога ќе видиш и вистинска личност е и комшиката која сеа стана најдобра другарка со женичката што ја зборев горе (таа што ја враќаа во 5 сабајле со мерцедес) зошто доби на милионер поише пари... Уствари се дозна дека мајка и немала рак на дојка , а татко и пиел ракија само на ручек а брат и не бил шверцер - всушност она немала ни брат... А за мерцедесот, уствари тоа била друга комшика што ја враќале во 5 сабајле... Оваа е паметна и чесна...

Како што знам основни ресурси за живот беа храна и вода... Е денес не е така... Денес на луѓето основна потреба им е храна ама нешто како кавијар , суши и ау... вода вода или горска вода , живеалиште - куќа во Лондон и викендица (на местото горе што си го замисливте) , Облека - D&G , Mango , Versache ... комуникација само преку nokia N90 smartphone или fb евентуално :P ... и серазбира потребата да пукаат сеир и да ги зафркнат повеќето околу нив...

Е ова е се вистиски луѓе , ова не се маски и ова е тажната реалност што не опкружува...

САКАМ ВО ТЕАТАР!!!

No comments:

Post a Comment